Хороскоп за 18 февруари

ОВЕН:
Необични влијанија кои ќе ве научат дека не може вечно да се потпирате на својата лидерска позиција и да уживате во славопоите. Месечината во Лав ја нагласува гордоста, а Марс во Бик тежи кон прагматичност. Покажете вистинска понизност, а не само вештачко покажување во јавноста. Ќе бидете поддржани само ако сте искрени.

БИК:
Месечина квадрат Марс и сега треба да ја покажете својата филозофска природа: едноставноста е врвната софистицираност, затоа покажете колку сте добри и нема да може да ве игнорираат. Ќе го достигнете крајот на виножитото со знаење, дисциплина и истрајност. Ова не е време за брзање, опуштете се и избирајте сопствено темпо.

БЛИЗНАЦИ:
Незгодни времиња пријатели, се појавуваат некои работи од минатото: Марс во Бик ве повикува да ги средите работите во емоционалната сфера и да најдете мир. Ова е време за соочување со реалноста и должностите, сега нема бегање. Промени во организацијата или стратешки адаптации на работен план, по кои доаѓате до ослободување.

РАК:
Венера конјункција Сатурн и време е за зрели разговори: како двајца заљубени, кои шетаат обземени од својот свет. Треба да научите дека луѓето се разликуваат и некои од нив можеби ќе останат засекогаш со вас, а дел од нив неминовно ќе си заминат. Не ги форсирајте своите уверувања и дајте им слобода на другите да појдат по својот пат.

ЛАВ:
Наместо да брзате, денес ќе биде добро да најдете време за медитација: навистина нема потреба да преземете било што, пред да дојдете до свесна одлука. Сè ќе биде тука кога ќе се вратите, како работата, така и љубовта. Размислете добро за минатите искуства и земете ги во предвид овие реализации. Резон.

ДЕВИЦА:
Бидете подготвени за Аморови стрели: Марс во Бик ги буди вашите сензуални апетити и денес може да научите што значи љубов на прв поглед. Пред вас е поволен период за партнерства и вриете од екстатична, возбудлива и интензивна енергија. Сега сте едноставно неодоливи! Успехот ве следи на сите полиња. Слава.

ВАГА:
Денес ќе откриете една далеку посуптилна реалност од онаа видливата: можеби чувствувате дека губите контрола бидејќи ова е силна енергија. Убави аспекти укажуваат дека ви е потребна радикална промена во животот и личноста. Истрајте сега и откријте нова страна во себе. Во вас лежат необични моќ и таленти.

СКОРПИЈА:
Марс во Бик ве изнесува во јавност, како да гледате излози или некој ве гледа вас, обидувајќи се да ја увиди вашата вредност. Сега ја сфаќате својата жртва: измешани чувства кои се производ на самозалажување. Имате уште многу кошули да соблечете од себе и, иако можеби ве боли, така ќе дојдете до побрзо зацелување. Промени.

СТРЕЛЕЦ:
Убави влијанија од огнените знаци и денес сте полни со виталност, ентузијазам и среќа. Постои оптимизам дури и во најтемните моменти: зрачите со необична самодоверба, успех и шарм и доаѓате лесно до саканите позиции. Најдете време за дегустација на добра храна и купете си нешто луксузно и убаво. Навистина сте брилијантни!

ЈАРЕЦ:
Активни на повеќе полиња, ја користите својата позиција да ги претставите креативните проекти и дела. Минувате низ своевидна трансформација, но добро го користите своето чувство за реализам: точно знаете кога е вистинското време, а кога не. Ќе сфатите дека ви е потребна побалансирана визија при тежнеењето кон комфор.

ВОДОЛИЈА:
Месечината во Лав укажува дека сте спремни да направите корекции во интимната сфера: односите со блиските се полни со љубов и цел, но ќе треба да внимавате на можната тврдоглавост. Бидете понежни и светот ќе ви се отвори како златеста божица. Токму сега сте спремни за нови освојувања и страсти! Планирајте нова реалност.

РИБИ:
Сега започнува една нова и постабилна фаза во вашиот живот: Марс во Бик ќе ви ја даде потребната физичка сила да се износите и со најстагнантните прашања. Старите форми менуваат облик добивајќи нова и реална рамка и сето ова е позитивно. Не ѝ се противете на промената, туку организирајте се подобро. Ова е процес.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com