Хороскоп за петок

ОВЕН:
Сонцето во Водолија и Месечината во Близнаци бараат до вас да ѝ обрнете внимание на емотивната ситуација: не може истовремено да тежнеете кон поголема слобода, а да барате докази на љубов. Она што е важно е дали навистина сте доволни силни да ѝ се посветите на љубената личност. Прашајте го срцето и ослушнувајте добро.

БИК:
Атмосферата е нешто попрактична: потребни се важни одлуки во интимната и финансиската сфера и, бидејќи сакате да напредувате на љубовен план, го отфрлате непромисленото однесување. Завртете го вниманието кон внатре и прашајте се во која насока би сакале да појдете. Марс во Бик сака бавно темпо. Ентузијазам.

БЛИЗНАЦИ:
Убави аспекти меѓу Сонцето и Месечината ве носат на рандеву: вашето романтично небо е осветлено од овие две небесни тела и чувствувате како да сте набоцкани со Аморови стрели. За самците е можна средба со нова личност, од која што ќе бидат фасцинирани. Не затворајте се во сопствениот свет, а обрнете внимание на работата.

РАК:
Венера во Јарец ќе ве поттикне да ги преземете работите во своите раце: повеќе не ви се допаѓа да бидете во подредена позиција, кога знаете дека до сега веќе требаше да цветате. Добивате мешани пораки од сите страни, а ниту ви текнува дека клучот лежи во вашата сопствена рака. Тоа значи дека треба да почнете да се менувате.

ЛАВ:
За вас работите може да се менуваат многу брзо денес: вашата спонтаност и радост може да ви привлече непожелни личности во околината. Внимавајте на ова и заштитете се со време. Дипломатијата може да е во пад, затоа одложете ги важните договори за некое подобро време. Доколку одлучите да истраете, работете сами и без клиенти.

ДЕВИЦА:
Со Венера во Јарец љубовниот живот добива на зрелост: прекрасни моменти на пријателство, како и запознавање со нови личности. Вашиот ментален склоп е во рамнотежа и сега може да планирате позитивно за непосредната иднина. Вашите љубени уживаат во убавото расположение со вас и ова расположение се пренесува и во работата.

ВАГА:
Нешто ве провоцира во интимната сфера: Венера во Јарец бара да ги разјасните работите, бидејќи постои конфликт на интереси кој е тешко да се реши. Иако ви е потребна стабилност, мудрост и искреност, вашите лични сентименти и пораки ви ги мешаат работите, правејќи ги нејасни и тапи. Не е време да наседнувате на старите шеми.

СКОРПИЈА:
Вашиот владетел, Марс, веќе транзитира во Бик: ова е период кога може да воспоставите важни партнерства, во кои ќе царуваат лојалноста и љубезноста. Средба со личности врз кои го испробувате својот раскошен шарм – во вашиот речник не постои ниту еден погрден збор денес! Среќата е на вашата страна и на работното поле.

СТРЕЛЕЦ:
Јупитер претставува надеж и среќа, а Месечината во Близнаци го буди сомнежот и дилемите: самодовербата испарува како утринска роса. Добро е да имате малку поголема доверба во саканите и да не ги задевате, знаејќи дека пред вас се просперитетни шанси и среќен период. Покажете колку вредите на работното место.

ЈАРЕЦ:
Венера, Сатурн и Плутон во вашиот знак ве ставаат во дефанзивна позиција: денес ќе треба да се повлечете и да го прескокнете сето она што сакавте да го сработите уште од вчера. Купувајте време, размислувајќи како да побегнете од стаклениот часовник. Прашајте се добро со колкава сила може да се носите. Работете во тим.

ВОДОЛИЈА:
Внимавајте на своето неортодоксно однесување, би можеле да зажалите: кротете го темпераментот и ако треба, повлечете се. Можеби денес нема да сакате да им се отворите на луѓето, но утре е нов ден, почекајте. Вашето внимание е потребно дома, затоа повлечете се и дајте си малку време. Работите имаат свое темпо.

РИБИ:
Многу пријатели, музика и динамика, како да сте на рингишпил денес: неочекувани средби, „иди ми, дојди ми“ или необична вечера во интимно друштво. Тркалото на среќата се врти во ваша полза и бидејќи ќе сакате на сите да им угодите, затоа би можеле да се најдете исцрпени до крајот на денот. Потпишување договори.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com