Хороскоп за период од 22 до 29 декември

ОВЕН:

Работа: Со транзитот на Сонцето, Сатурн и Плутон низ вашата 10-та куќа, внимание ќе ви биде насочено кон утврдување на својот статус, финансии и ревизија на кариерата. Контакти.

Љубов: Сега сте спремни да експериментирате на ова поле и викендот ќе го започнете во друштво на своите пријатели, меѓу кои би можеле да сретнете некоја интересна личност.
Здравје: За сега сте во добра физичка кондиција, но променливите временски услови би можеле да доведат до главоболки. Доколку имате закажано прегледи, завршете ги на време.

БИК:

Работа: Од викендот натаму би можеле да работите нешто во име на своите пријатели, а што ќе ви донесе големо задоволство и веројатна популарност. Постапувајте практично.
Љубов: Најверојатно ќе се соочите со страсни додворувачи, кои ќе имаат малку обѕири кон вашите желби. Можеби размислувате тајно за некој оддалеку или за некој свој пријател.
Здравје: Имате потреба за одмор, но никако да најдете време за тоа. Вашата сила се исцрпува, но поддршка ќе добиете од транзитното Сонце во јарец. Добивате на сериозност.

БЛИЗНАЦИ:

Работа: Сѐ уште се чувствувате како да сте на приемен испит и го давате најдоброто од себе таму каде што сте. Имате сила да правите промени во последен момент. Нови планови.
Љубов: Се среќавате со потенцијални партнери и досегашните недоразбирања ќе бидат полека разрешени. Можни се средби со помлади личности.
Здравје: Динамиката на работното место ве исцрпува, но сепак имате заштита од моќниот Јупитер и Марс од скорпија. Потенцијалните стравови и анксиозност се намалуваат постепено.

РАК:

Работа: Вашето работно поле полека се ослободува од некои одговорности и сега ќе почнете да добивате повратни информации за тоа како понатаму ќе се одвиваат работите.
Љубов: Желни за љубов и еротика, сега имате големи шанси да налетате на некоја посериозна личност, а сето тоа доколку се убедите да излегувате почесто во јавност. Тајни мечти.
Здравје: Ќе ги добиете информациите околу анализите што веќе сте ги започнале. Добро би било да не си давате тешки задачи, кои би можеле да ја исцрпат вашата кревка става.

ЛАВ:

Работа: Застојот во Вашите креативни проекти полека ќе се разрешува сам од себе со прогресивниот од на Меркур. Очекувајте посериозни ангажмани и средби со авторитети.
Љубов: Вашите романтични врски ќе се ослободат и ќе добијат поразигран квалитет, а ќе имате многу можности за средби со своите сакани, како и нови партнерства. Заљубени во љубовта.
Здравје: Иако сте заштитени со транзитот на Сонцето во вашата 6-та куќа, сепак ќе е добро да обрнете поголемо внимание и дисциплина кон советите што ви се дадени од докторите.

ДЕВИЦА:

Работа: За време на викендот би можеле да преземете екстра одговорности и конечно да им ставите крај на своите сомневања во однос на работата. Работа со пријателите.
Љубов: Копнеете по нешто далеку посериозно од тоа што сте го имале до сега и иако немате јасна цел, сепак сега ќе знаете што сакате во својот љубовен живот, а што дефинитивно не.
Здравје: Поголем дел од денот минувате дома и добро ќе биде малку да се размрдате и да прошетате. Загриженоста со здравјето би можела од вас да направи хипохондрик. Настинки.

ВАГА:

Работа: Најзасегнати сте околу финансиските прашања, вашите приходи и зголемени расходи. Имате, но и давате, понекогаш трошите непотребно. Со нова сила од понеделник.
Љубов: Овој викенд ќе сакате да се дружите и ќе имате шанси да се сретнете со необични личности, со кои ќе ги разменувате вашите идеи околу романсата и подобрувањето на светот.
Здравје: Проблемите со дишните органи ќе се намалат, но сѐ уште треба да се држите до препораките кои ви се дадени од страна на специјалистите. Не експериментирајте со лекови.

СКОРПИЈА:

Работа: Вашиот дневен ритам е сѐ уште нестабилен, а вие сте најзасегнати со финансиската состојба, која ќе почне да се подобрува. Сакате да се испробате со нешто ново.
Љубов: Викендов ќе најдете време да им се посветите на своите домашни, со кои несебично ќе ја споделите својата љубов. Имате силна харизма, еротска привлечност и идеална романса
Здравје: Поддржани од Јупитер и Марс во вашиот знак, добро се справувате со можните кризи, кои доаѓаат од наглите промени во дневната рутина. Сега имате моќна сила и регенерација.

СТРЕЛЕЦ:

Работа: Правите нова финансиска рамка која ќе ве одведе во посакуваната насока. Обрнете внимание на ограничувањата што ќе треба да ги направите во таа насока. Штедење.
Љубов: Имате голема поддршка од вашиот љубовен партнер и комуникацијата меѓу вас се подобрува. Најдете време за престој во домот, каде што ќе може да ја остварите својата романса.
Здравје: Стресот околу неутврдените работни навики сега попушта и ќе најдете време да се релаксирате шетајќи се во природа. Сепак обрнете внимание на денталното здравје, но и грло.

ЈАРЕЦ:

Работа: Она што го планиравте во тајност, сега е на ред да се реализира. Доаѓате во прв план, полни со самоувереност и зрелост за самореализација. Ве очекува финансиски подем.
Љубов: Во текот на неделата ќе имате убави шанси за романтични средби. Би можеле од ново да се вљубите во својот партнер, кој е Ваша тивка поддршка од позадина. Внимавајте на домот.
Здравје: Сега сте во одлична кондиција со Сонцето во Вашиот знак. Сепак, добро ќе биде да обрнете внимание на главата и да ја заштитите од ладното време. Внимавајте на очите.

ВОДОЛИЈА:

Работа: Живеете со полн интензитет на ова поле и го давате најдоброто од себе, сакајќи да успеете и да се потврдите. Контакти со странци, како и натпревар со дел од колегите.
Љубов: Викендов доаѓате во прв план и конечно некои маски паѓаат, па ќе сте спремни да експериментирате повеќе од вообичаено. Дружење со пријателките и помлади личности.
Здравје: Затоплувајте ги нозете, носете соодветни обувки и внимавајте на циркулацијата. Заштитете ја главата од ладното време и најдете време да појдете на забар. Време за одмор!

РИБИ:

Работа: Неизвесноста на работното место веќе почнува да се разјаснува, така што проектите кои беа во експериментална фаза, сега ќе ве доведат до саканиот резултат. Новости.
Љубов: Се двоумите меѓу партнерство на работното место или некое од странство, но сепак е сигурно дека емоциите се во подем со почеток на следната работна недела. Разговори.
Здравје: Вашата конституција е кревка и Ви е потребна релаксација. Овој викенд најдете време за тоа. Релаксирајте се и одмарајте ги нозете. Внимавајте на можни настинки и без цигари!

 

Пишува: Ирена Танчева