Хороскоп: Верба за овенот, романса за бикот

ОВЕН: Денес е време кога треба да покажете од што сте направени – вие имате значење и цел во животот, а со тоа и таленти кои ќе ги искористите во најповолен момент. Не чекајте, нема да има подобро време од денес. Верба.

БИК: Промена во животниот стил – Месечината во Скорпија ве потпомага во трансформацијата на личните односи и начинот на кој што се поврзувате со луѓето. Ги наоѓате своите пријатели и ги дефинирате односите. Можна романса.

БЛИЗНАЦИ: Сега знаете и имате доказ дека можете да се потпрете на себеси – низ животот собиравте информации и знаење за различни теми кои ви се од лична важност и сега имате можност да ги искористите конструктивно. Работа.

РАК: Денес е добро да научите да издржите и да не ја расфрлате својата енергија наоколу. Добро ги познавате своите цели и сега е време да се фокусирате. Бидете селективни каде ја инвестирате својата енергија и средства.

ЛАВ: Се чини дека сfаќате како сте биле сокриени во нечија сенка и сметате дека така никој не можел да ја види вашата светлина. Дали е навистина така? Немојте да сте жртва на околностите, туку бидете храбри за она што е ваше.

ДЕВИЦА: Судбината ви отвори нови перспективи и сега сè добива нова смисла, па имате чувство дека никогаш и не сте се загубиле по патот по кој што чекорите. Сите случки се волшебно поврзани и ве водат кон вистинскиот пат. Отворете се.

ВАГА: Ја користите својата експертиза и функција, па на тој начин си ја враќате самодовербата. Се сеќавате на искуствата и знаењето кое што не е аплицирано одамна и така го користите овој момент. Проекти кои бараат внимание и сила.

СКОРПИЈА: Со Месечината во својот знак, интуитивно знаете дека штом нешто завршува, веднаш нешто друго започнува. Пред вас е крај на еден циклус кој доведе до трансформација и сега е време да ги промените околностите. Пат.

СТРЕЛЕЦ: Денес ќе биде добро да ги балансирате своите сили и да направите идентификација на проблемите – пронаоѓате аргумент со кој ќе се ослободите од некоја тешка ситуација. Добивате доказ дека сте имале право да критикувате

ЈАРЕЦ: Правите стратегија и ги мерите своите сили – ова е момент на решителност, при што сте свесни за своите цели и како да ги постигнете. Со голема убедливост делувате прецизно и со контрола. Имате добар перформанс.

ВОДОЛИЈА: Денес сте сосема смирени бидејќи сте убедени во своите способности да си овозможите стабилност и комфор. Се здобивате со емоционален мир поради добиените признанија. Уживајте дома и сакајте.

РИБИ: Грижливи и нежни, генерирате атмосфера во која сите ќе бидат сакани и згрижени со внимание и љубов. Правите свое катче и знаете дека може да се потпрете на своите сили за да ја добиете потребната сатисфакција. Декорирање.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com