Хороскоп: Вашата дневна анализа

ОВЕН:
Месечината во Вага бара да се ставите во улога на оној другиот: убаво влијание кое ќе ги истакне вашите најдобри црти и ќе ја покажете својата егзалтирана позиција. На вашата раскош ѝ нема крај и имате идеја или две за некој необичен проект. Сепак, оставете место и другите да дојдат до збор и ќе уживате во добро друштво.

БИК:
Сега сфаќате што значи изреката кучињата лаат, карванот си врви: тоа значи програма. Нема отстапување, освен во зрели ситуации кога се поставуваат јасни граници. Планетите во Риби ви даваат неколку добри совети, со длабока духовна содржина и ќе најдете време за анализа, со која ќе постигнете смиреност и рационалност.

БЛИЗНАЦИ:
Планетите во Јарец укажуваат дека се соочувате со сериозни ситуации: ќе треба да ја покажете својата мудрост. Можна е средба со авторитетни личности, кои не треба да ги отфрлите. Вашиот дух најдобро се манифестира на овој начин и така доаѓате до великодушни награди. Дел од работите останува мистерија. Имајте такт и разбирање.

РАК:
Денес е моментот кога треба да се повлечете дома и да ги размислите работите во перспектива: необични и брзи промени, кои го вознемируваат вашиот дух и никако не може да ја стабилизирате емоционалната сфера. Чудно е што овие промени не ве засегнуваат лично, но вие ги доживувате како да сте центар на светот. Нова стратегија.

ЛАВ:
Се чини дека се соочувате со контрадикторни информации, а тоа не ви помага да го решите конфликтот и ситуацијата во која што сте. Ова е ден кога треба да го кротите импулсот за дејствување и бидете прилагодливи. Убаво е што ќе ги видите сите ситни знаци со кои што ќе може да напредувате потоа. Носите практични решенија.

ДЕВИЦА:
Денес се соочувате со два избори и ќе треба да ги оцените работите: што е вредно, а што не. Како античка божица која што држи близнаци во рацете, пред вас е тешка одлука! Работите се исти, но сепак различни, а вие ја имате потребната зрелост и трпеливост да истраете. Набрзо доаѓа до препородување, опуштете се малку.

ВАГА:
Сега ќе треба да покажете од што сте направени: во вас лежи вистинско знаење, сè што треба е да го ставите во функција. Работите вредно и разумно на проекти кон кои имате специфичен афинитет. Учете да бидете трпеливи во вистинска смисла на зборот: издржливост во ургентните ситуации и истрајност при тривијалноста на животот.

СКОРПИЈА:
Блескате оддалеку и задоволно ги триете рацете. Има и зошто! Успеавте да дојдете до поволни договори и избори со кои ќе ја претставите својата сочувствителна страна. Да, ова се ретки моменти кога се откривате, но штом ја надминете играта на егото да се наметнува самото себе, автоматски постигнувате заедништво.

СТРЕЛЕЦ:
Месечината во Вага ги нагласува дилемите и сега најмногу би се повлекле да ги сортирате измешаните чувства. Ова, всушност, ќе ви дојде толку природно и добро и ќе успеете да го одморите духот од стрес. Потребата за независност е нагласена во сите сектори, затоа дозволете си го ова, сменете нешто во секојдневието. Радост.

ЈАРЕЦ:
Романтичниот живот се одвива бавно, потоа побавно и има тенденција да прејде во сон. Незгодни аспекти укажуваат на можен колапс, за што ќе треба да бидете храбри и истрајни: проблемите би можеле да се мултиплицираат со голема брзина. Знајте дека вашиот разум се темели врз големо искуство и нема да потклекнете. Контрола.

ВОДОЛИЈА:
Марс во Бик ја потенцира сензуалната природа, но не се носите со неа сосема лесно: ова се промени кои што вадат многу потиснати страсти, затоа внимавајте на своите манири. Можеби луѓето ви се лутат, одбиваат да ви се јават и одговорат, а тоа е причина повеќе да се повлечете и прашате зошто. Сега сте осамени, но утре е нов ден.

РИБИ:
Колку и да се обидувате да побегнете од своите должности, тие ќе се лепат за вас, особено оние од емоционален карактер. Ситуацијата е деликатна, а уште повеќе се чини дека ви недостига енергија. Нема потреба од пасивност, некој би можел да ве злоупотреби. Имате избор, но треба да бидете порешителни: сега нема бегање! Дејствувајте.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com