Хороскоп: Вашата дневна анализа

ОВЕН:
Уживате во тежнеењето на општеството да се сфати самото себе: штом има некој да ве чуе, ќе настапите храбро знаејќи рационално да се соочите со ситуацијата. Разни договори во однос на практичната реалност, како и напредување во визионерските потфати. Значаен ден: вашата жед за животот расте. Нови идеи.

БИК:
Одеднаш работите може да се видат од повисока перспектива: Месечината во Близнаци го проширува вашето разбирање и се потпирате на мудрите совети на некој господин со огнена природа. Ова се визионерски времиња пријатели и прекрасно е што има на кого да се потпрете. Како невидлива сила која што ве води одозгора. Романса.

БЛИЗНАЦИ:
Денес ќе треба да бидете што е можно понепристрасни: се соочувате со нагли и необични промени, кои ќе имаат долготрајни влијанија. Велат, кој последен се смее, најслатко се смее, па така и вие одржете го хуморот на ниво и движете ја атмосферата како да сте во центарот на рингишпилот. Имате поддршка од пријателите. Забава.

РАК:
Венера во Јарец укажува дека се занимавате со последиците на некоја неуспешна врска и повеќе не знаете кому да се обратите: дали да го расчистите сопствениот терен или да трчате да се докажувате во светот? Најдете баланс, потпирајќи се на својата интуиција и почувствувајте што лежи во заднината. Бидете меки и нежни.

ЛАВ:
Марс и Уран во Овен ве повикуваат на динамична акција: ќе треба да бидете добро утврдени за да не ја изгубите оваа позиција. Располагате со важни информации, кои чекаат да бидат пренесени со време, но внимавајте на манирите и ако треба повлечете се на кратко. Додека чекате, бидете благодарни за стекнатото.

ДЕВИЦА:
Ангажирани на неколку полиња, ќе треба да го погодите вистинскиот баланс и поддржани од неверојатно убави влијанија, да ја докажете својата пракса. Екстремно важно време, со многу силни емоции. Покажете ја својата лојалност и истрајте во тоа. Месечината во Близнаци го осветлува вашиот пат кон општествените врвови.

ВАГА:
Венера во Јарец и вашето знаме е на пола копје: во последно време не сте сосема свои. Постои блага конфузија, но денес успевате да разјасните дел од неа: дали сами си наметнувате ситуации или тие доаѓаат по сопствен терк? Како и секогаш, одговорот лежи некаде во средината, затоа не брзајте, барем не сè уште. Респект.

СКОРПИЈА:
Што ќе посеете, тоа и ќе пожнеете: повикани на состанок за важни животни прашања, денес треба да ги дадете своите одговори. Работните должности бараат одобрување, а Месечината во Близнаци ве повикува да бидете непристрасни и логични. Време е да ги мобилизирате своите сили: сокријте некој адут во ракавот.

СТРЕЛЕЦ:
Некои работи созреваат самите од себе и идеалот кон кој што стремевте е веќе видлив: ова е ден кога треба да им дадете личен печат на работите и тоа многу личен, ако треба да се повикате и на непосредното минато. Изнаоѓате креативно решение во последен миг. Кој знае, можеби и ќе успее? Негувајте го ентузијазмот.

ЈАРЕЦ:
Напредувате пријатели, но со пола срце: некаде патем треба да завртите во друга насока и да стопирате. Време е да направите трансмутација и да се прелеете од еден облик во друг, како кога сината боја станува тиркизна. Со Сатурн во својот знак, од вас се бара зрелост, постепено напредување, како и самопожртвуваност.

ВОДОЛИЈА:
Не може вечно да се држите за своите уверувања: оној кој што ќе ја препушти душата да лута водена од нејзините сетила, наскоро ќе го види својот ум расфрлан натаму-наваму, како брод носен на бреговите. Главата горе, сета несреќа се темели врз недостатокот на љубов. Љубете и ќе бидете љубени. Давајте и ќе ви се даде.

РИБИ:
Доколку не се воздржите, би можеле да згрешите поради зголемената ноншалантност. Добро ќе биде да се адаптирате, будејќи се од кошмарот и да се обидете да направите тим. Барајте соработници и не глумете лудило: ова се необични времиња и бараат оригиналност! Почитувајте ја личната слобода на блиските и ќе успеете.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com