Хороскоп: Вашата дневна анализа за среда

ОВЕН:
Неколку незгодни аспекти укажуваат дека би можеле да се соочите со криза: финансиска или лична. Она што е важно е да изнајдете вистински баланс и да не очајувате. На секој од нас може да ни се случи незгода, дури и не по своја вина, но таквите ситуации се обично тука за да го извадат најдоброто од учесниците. Трпение.

БИК:
Сонцето во Риби ве повикува да бидете посензитивни во однос на туѓите потреби, а Месечината во Девица бара да се соочите со должностите. По малку конфузно време пријатели и ќе треба внимателно да избирате помеѓу понудените опции, но сетете се дека без лутањето не созрева ниедна индивидуалност. Барајте и ќе ви се даде.

БЛИЗНАЦИ:
Месечината во Девица бара поголема организираност од ваша страна: можеби работите ви се чинат тешки и сметате дека човечкиот род е осуден на неуспех, но дали е навистина така? Дел од проектите ќе остане во минатото, но пред вас се отвораат нови шанси, само треба да го надминете чувството на вина. Поволни вести оддалеку.

РАК:
Денес сте волни да преземете нешто од практична природа: вредно ќе работите користејќи ги своите раце и ќе знаете како да се одбраните од оние што ви се наметнуваат. Имате слатки средби со драги личности од минатото, кои ќе ве советуваат како да внимавате на имотот. Сега е време за иницијатива: кај вас е клучот на судбината.

ЛАВ:
Врзани со договори и водени од силни нагони, денес ќе треба практично да ја аплицирате својата мудрост: каде и што е потребно да се вложи и кои луѓе се вредни да се вклучат во проектот? Не брзајте ниту на работа, така и приватно. Да, знаеме, вашите проекти се над сè, но нас нè водат виши сили кои бараат забавување. Такт!

ДЕВИЦА:
Ниту за миг нема да останете сами: Сонцето од Риби ве повикува да се усогласите со светот и бидете потолерантни. Многу бучава, покани, активности и екскурзии на општествената сцена, кои ќе бараат припитомување на вашата резервирана природа: опуштете се малку и уживајте. Следуваат морални и финансиски награди.

ВАГА:
Сега не е време да зјаете во својата финансиска ситуација, туку да преземете нешто и да ја стабилизирате. Надминете ја склоноста кон драма, особено на работното место и ако треба, искраднете се и појдете некаде на кратка прошетка: добро ќе ви дојде, особено покрај вода. Нови информации оддалеку, кои допрва ќе ги сортирате.

СКОРПИЈА:
Марс во Бик ве повикува на претпазливост: со што и да се соочите денес, сетете се дека може да ги одложите работите и бидете спремни за повеќе опции. Тоа ќе ве усреќи и штом ќе сфатите дека огледалото се крши, храбро ќе ја заземете позицијата на воин и ќе успеете да спасите што е можно повеќе. Добро избирајте што е важно.

СТРЕЛЕЦ:
Се појавуваат проблеми од практична природа за вашите грандиозни планови: Јупитер во овој знак го буди вашиот сензибилитет и мудро знаете дека е време да продолжите кон помирни води. Земете го највредното и завеслајте понатаму. Откривате нова среќа со блиските, како вљубени птици во своето гнездо. Нови правила.

ЈАРЕЦ:
Во вашиот дисциплиниран ред доаѓа до неочекувани средби: женска привлечна личност, со практична природа и шармантен карактер. Бидете трпеливи и внимавајте на овој моќен нагон, користејќи ја својата интелигенција за да избегнете од сенките. Кога ќе ги сфатите разликите меѓу луѓето, ќе се ослободите и срцето ви ќе зачука побрзо!

ВОДОЛИЈА:
Како старец се вртите да видите до каде стигнавте, пред да дојдете до своите рајски порти: ова е време на просперитет, но нешто ќе мора да се стави во практично изводлива рамка или ќе дојде до санкции. Доаѓате до реализација дека и доброто и лошото имаат место во нашите животи: тие нè учат кога сме учители, а кога ученици.

РИБИ:
Милувани од нежните зраци на Сонцето во Риби, вашата виталност е во подем и уште изутрина брзате на средба со некоја динамична машка личност. Марс во Бик го проширува вашиот прагматизам и ќе знаете како да се вложите во саканите проекти: интимни и професионални. Да, точно е пријатели, пред вас е долг пат. Истрајте.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com