Хороскоп: Вашата анализа за среда

ОВЕН:
Марс во Бик бара од вас практично користење на интелигенцијата и разумот: ова е моќна сила која не смее да се злоупотреби, туку само да покаже солуција за постоечкиот проблем. Со Месечината во Стрелец доаѓате до брзи и динамични информации и можен е бизнис пат, со кој ќе се ослободите од сегашните проблеми.

БИК:
Водени од моќни нагони, сепак добро ја контролирате својата сила: брзо ги преточувате идеите во практична реалност и ја враќате динамиката во својот живот. Нови проекти, за кои што треба да размислите пред да донесете заклучок. Следете ја интуицијата и заборавете на минатото. Имате голема волја да научите нешто ново.

БЛИЗНАЦИ:
Со планетите во Стрелец, започнувате некаков вид на бизнис или партнерство од интимен вид. Ново вработување, комерцијални трансакции или изложување на своите таленти пред очите на јавноста. Сега сте задоволни и исполнети на повеќе нивоа. Можни игри на работното место, но и нив ги надминувате со необична логика.

РАК:
Чувството за чест и задоволство се гледа оддалеку на вашето лице: успевате да постигнете триумф, после долга битка. Никој не го задржал правото на материјална благосостојба вечно, затоа ниту вие не треба да стравувате дека ќе го изгубите она што го имате. Не може вечно да сте сакани: вашите екстремни емоции ќе ви прават пречки.

ЛАВ:
Венера во Јарец ве загрижува: веќе сте соочени со грубата реалност, преголемо трошење или отфрлање од нечија страна. Месечината во Стрелец го поттикнува лидерот во вас и ќе успеете да се издигнете над сите тешкотии. Со голем артизам ќе ја прикажете својата чесна и харизматична личност: не се плашите да инвестирате во другите.

ДЕВИЦА:
Сега е добро да го насочите своето внимание дома: супер ден да се одморите, да направите интроспекција и да размислите за личните искуства. Меркур во Риби претставува одредена мистерија, која најдобро ќе ја надминете ако внимавате на своот речник: бидете егзактни и непристрасни истражувачи. Разберете ги соништата.

ВАГА:
Денес се соочувате со нешто побрза динамика и дури и да не сакате, до вас доаѓаат нови и неочекувани информации, кои бараат ургентно дејствување. Многу веројатно ќе најдете време за пријателите и саканите: прослава на некоја случка и ќе уживате многукратно, чувствувајќи се исполнето со мир, среќа и љубов. Лесни разговори.

СКОРПИЈА:
Спремање и последни подготовки со кои што ќе се ослободите од финансиската зависност и ќе заработите богатство. Добро, можеби не цел куфер, но сепак една солидна сума која што ќе оди за потребите на домот. Можен е некаков натпревар или дебата, која ќе доведе до огромни промени, можно трауматични и болни. Нов почеток.

СТРЕЛЕЦ:
Планетарната ситуација укажува дека зрачите со страст и сензуалност и на тој начин доаѓате во првите редови: точно знаете што им треба на вашите сакани и со голема љубов ги поддржувате. Лесно ја воочувате секоја маана или измама, имајќи разбирање за двете страни. Венера во Јарец се потпира на вашата рационалност и пракса.

ЈАРЕЦ:
Со повеќе планети во својот знак, вашите чувства се интензивни и можеби ќе се обидете да доминирате врз некој: дали сте свесни за ова? Вашите сакани нема да ви дозволат да ги манипулирате, а тоа значи дефанзивна позиција и многу остри зборови и немање слух за компромис. На работен план потрудете се да напредувате безболно.

ВОДОЛИЈА:
Минувате низ емоционално комплексен период: како да имате антички текст во своите раце, а не знаете како да го дешифрирате. Тоа значи дека ја гледате само едната страна од приказната и така ја пропуштате радоста. Редно време е да ги отворите своите сонливи очи и да ја цените беспричинската љубезност на најблиските. Тука не сте сами.

РИБИ:
Сонцето, Меркур и Нептун во вашиот знак укажуваат дека треба да направите некаков избор во својот личен живот: можеби треба да избирате помеѓу некои пријателства или помеѓу две љубовни врски. Ова се големи избори, со крупни последици, затоа внимавајте на можен конфликт. Не препуштајте им ги важните одлуки на другите!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com