Хороскоп: Ваги влезете во битка, Јарци – штедете

ОВЕН: Планетарната слика укажува дека зборувате многу, а не правите ништо – немате идеја како да се извадите од ситуацијата во која што сте и станувате себични, несреќни и се фокусирате на негативното. Не оговарајте, бидејќи и вас ќе ве оговараат – доста се жалите!

БИК: Сега е добро да не ја трошите својата сила премногу – спротивставете им се на искушенијата и ослободете се од сѐ што ве ограничува. Посветете им се на повисоките цели и покрај влијанието на луксузот и задоволството. Не бидете опседнати со парите и моќта. Мир.

БЛИЗНАЦИ: Со Меркур во својот знак правите разумна одлука и одбивате да преземете поголеми одговорности со кои не можете да се носите. Сега внимателно ја управувате својата сила кон некоја далечна цел и ѝ избегнувате на туѓата тиранија. Штедете се сѐ повеќе.

РАК: Денес е можно да се сретнете со некоја нељубезна личност или лош домаќин, кој е ладен и калкулативен кога станува збор за материјалните работи. Можеби и вие сте преокупирани со богатство, статус и акумулирање на средства, па не можете да уживате. Дилеми и сомничавост.

ЛАВ: Почекавте малку и затоа сте среќни – денес се појавува убава шанса за договор на партнерско ниво – приватно или професионално. Длабока и топла врска која зрачи наоколу со ентузијазам. Ги здружувате силите со колегите во корист на сите наоколу и среќавате нови луѓе.

ДЕВИЦА: Сега е добро да научите што тоа значи да се биде трпелив, во вистинската смисла на зборот – не ги напуштајте своите проекти среде реализација. Избегнувајте ја тривијалноста во животот и издржете уште малку, а ако треба повлечете се за да ги обновите своите сили. Одмор!

ВАГА: Како и да се завртат работите, вие ќе се најдете во подобро друштво од сегашното – храбро влезете во битка и бркајте ги своите цели. Можна е поддршка од личност за која не сте се надевале. Многу брзо работите ќе се одвиваат во саканата насока, па ќе бидете пак среќни.

СКОРПИЈА: Денес сте полни со страст и сензуалност, па затоа сте во центарот на вниманието. Луѓето во вас гледаат исполнување на своите соништа и им служите како инспирација. Витални, харизматични и интуитивни, точно знаете што сакате и одите во остварување на истото. Сила.

СТРЕЛЕЦ: Неколку стресни аспекти ќе ви укажат дека ова е идеален ден да се повлечете и да најдете време за себе и обновување на својата сила. Сега не мора сѐ да кажете јавно, нешто зачувајте и за себе, а наскоро ќе се вратите повторно во форма и ќе дојдете до саканото. Мир!

ЈАРЕЦ: Не дозволувајте си да се опуштите и да трошите повеќе од потребното – може да дојдете до неповолни информации околу финансиите, работата и физичкиот свет. Не бидете ирационални пред очигледните факти, туку дејствувајте одлучно и убедливо. Штедете и работете.

ВОДОЛИЈА: Завршувате комплетно со големите проекти и пред вас се отвораат нови можности за напредување и патување надалеку. Успех, награди и пофалби – тоа е на денешното мени, како и уживање во сработеното, радост и задоволство. Ја споделувате среќата безрезервно.

РИБИ: Пред вас се појавува предизвик кој ќе бара решавање на логичен и директен начин – сега имате шанса со голема интелигенција да ги доведете работите до конечен заклучок и полни сте со сила која не смеете да ја злоупотребите. Нови информации што ќе ви го откријат потребното.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com