Хороскоп: Богатство за јарците, храброст за рибите

ОВЕН: Препуштени сте на сетилните уживања, но наскоро и тоа се менува, а тоа ќе ги надмине и вашите најлуди очекувања! Можеби не се чувствувате доволно сигурни во себе, но самодовербата ќе ви се врати набргу со нови перспективи. Околностите се менуваат кон добро.

БИК: Опиени сте од скорешните успеси и среќни пресврти – неколку неочекувани и профитабилни случки се движат во ваша насока. Немојте да сте несигурни и да се плашите од промената, бидејќи ќе доживеете незапаметен успех. Треба само да најдете време за одмор.

БЛИЗНАЦИ: Денес ќе биде добро да најдете време и да се повлечете и да ја обновите интелектуалната сила, за да може да продолжите понатаму. Добар тајминг за реорганизација, формулирање на нов план, како и за истражување на духовните сили. Останете смирени сега.

РАК: Немојте да сте детинести и будалести и на тој начин ги изгубите блиските и пријателите. Имате голема шанса да го постигнете саканото, но ќе треба да внимавате на зборовите кои ги употребувате – би можеле да ги налутите и навредите луѓето околу себе. Набргу ќе успеете.

ЛАВ: Доколку ве повреди личноста која што ја сакате, не ги земајте работите толку при срце. Можеби ја пропуштивте оваа шанса, но наскоро се појавува нова. Периодов го карактеризираат шанси за добар профит, но не е поволен за долги патувања. Не губете внимание на деталите.

ДЕВИЦА: Чувствувате своевиден дисбаланс и можен конфликт во скоро време – бидете умерени, скромни и не провоцирајте. Смирувајте ги своите импулси и барања додека да се сменат околностите. Сега е добро да работите со здружени сили – работите ќе се одвиваат сами од себе

ВАГА: За сега, вашето однесување треба да е љубезно, пријателско и воздржано. Бидете повлечени и внимателно разгледајте ја вашата позиција. Изразете го својот респект кон претпоставените бидејќи тоа ќе ви помогне. Неочекувана случка која ќе ве израдува многу.

СКОРПИЈА: Денес ќе биде најдобро да се воздржувате – обидете се да ги разберете емоционалните потреби на вашите блиски и немојте да сте суперкритични. Бидете економични и спремни за неочекувани случувања набргу. Малку е веројатно дека ќе успеете како до сега.

СТРЕЛЕЦ: Чекате на решенија кои треба да ги донесе некој друг – сѐ околу вас е во движење и се менува. Можеби вашата самодоверба е нарушена, немате баланс и интегритет, но набргу ова ќе се смени. Внимавајте на легалните процедури сега и на неправедни решенија и консеквенции.

ЈАРЕЦ: Денес успевате да постигнете материјален просперитет и богатство. Се ослободувате од финансиската неизвесност, го осигурувате домот и уживате со семејството. Можеби ќе добиете наследство или вие ќе дадете некому нешто вредно. Прекрасен период и изобилство. Среќа.

ВОДОЛИЈА: Многу веројатно сте раздразливи поради некои скорешни решенија и не се снаоѓате добро со критиката, евентуалната цензура или опозиција. Не ѝ дозволувајте на збунетоста да ве остави со чувство на немоќ – не се предавајте така лесно! Фокусирајте се на проблемот. Одлуки.

РИБИ: Сега сте спремни да преземете храбри дејствија за да ги постигнете своите цели – ништо не може да ве спречи во нивно остварување! Исполнети сте со внатрешна убеденост, која ги инспирира и останатите. Говорите отворено и дрско, но со големо влијание. Нагли решенија.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com