Хороскоп: Близнаци, не се заплеткувајте

ОВЕН: Планетарната слика укажува на тоа дека се соочувате со фрустрација и можен спиритуален колапс. Пред вас се убави шанси за напредување, радост и успех, но вие како да не го гледате тоа ниту ги разбирате емотивните потреби на луѓето околу вас. Учете и чекајте.

БИК: Денес се соочувате со брзи заклучоци и решенија, како и решавање на заостанатите работи. Сега го менувате своето мислење и духовен надзор, а тоа ќе ве одведе до поголемо исполнување. Конечно успевате да ја балансирате својата карма и продолжувате со умереност.

БЛИЗНАЦИ: Денес би можеле да се заплеткате со несакани договори, обврски или луѓе, а тоа ќе ви направи нервоза. Сепак, препреките не се несовладливи, наскоро ќе се справите со нив, но треба да работите посериозно. Сега е добро да сте дискретни во личните и бизнис-односите.

РАК: Се чини како да сте заглавени во некоја безнадежна ситуација од која што нема излез или некој ви покажува сила, а со која што вие не можете да се носите. Не дозволувајте да бидете вовлечени во очајнички обиди на итрина или измама, туку повлечете се на време. Паузирајте.

ЛАВ: Бидете спремни за непријатни изненадувања – преземете ги работите во свои раце објективно разгледувајќи ги работите. Сега мора да сте екстра внимателни, да не бидете несигурни дека нема да ги исполните целите. Сите проекти ќе се исполнат, но во свое време.

ДЕВИЦА: Шанса да се одморите, провеселите и славите нешто – почетен успех на работен бизнис или креативен проект. Вашите пријателства цветаат, како и соработувањето во бизнисот. Доаѓате до вредни заклучоци базирани на стекнатото искуство. Опуштете се и уживајте малку.

ВАГА: Не си дозволувајте да сте арогантни поради скорешните успеси – така ќе направите погрешни чекори. Не бидете фрустрирани што работите се одвиваат бавно, туку внимавајте на некоја женска личност која што ве следи и сака да ве блокира. Сепак желбите ви се исполнуваат.

СКОРПИЈА: Доколку дојдете до некаков конфликт, побарајте медијатор помеѓу засегнатите страни. Некоја личност која што не е склона кон корупција и која не паѓа лесно на туѓите емоции. Спротивставете му се на нагонот да делувате и постигнете успех како до сега. Послушајте совети.

СТРЕЛЕЦ: Иако убави околности се движат во ваша насока, сепак внимавајте да не предизвикате завист и љубомора кај вашите пријатели и колеги. Внимавајте како зборувате бидејќи може да загубите близок пријател. Судбински случки кои е тешко да се избегнат. Карма.

ЈАРЕЦ: Сега ви е потребна приватност, сакате да се повлечете од непријатниот метеж во својот живот. Малку сте нерешителни и збунети, а сето ова во важен момент. Бидете внимателни со кого се здружувате и формирате сојуз. Можни недоразбирања. Неочекувани средби или гости.

ВОДОЛИЈА: Немојте да размислувате дека тревата е позелена на друго место, туку имајте во предвид дека е таква бидејќи е понаводнувана од вашата. Затоа застанете зад своите избори, ангажмани и предизвици, а поддршката најдете ја дома. Тука ве очекува мир и помош. Надежи.

РИБИ: Денес ѝ дозволувате на малодушноста да го преземе вашето расположение. Дали сте болни, неодморени или само немирни? Не дозволувајте им на понечесните да ве одвлекуваат од вашиот пат бидејќи ќе се соочите со вина, недоверба и дилеми. Тргнете се и одмарајте.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com