Хороскоп: Што ви покажуваат ѕвездите за денешниот ден

ОВЕН: Вашите мечти и фантазии добиваат конкретна реалност – после долго размислување околу неколку опции, конечно ќе донесете одлука. Сега работите ги гледате јасно и не се занесувате со илузии и лажни избори – верувајте ѝ на својата интуиција и почнете со плановите.

БИК: Можеби чувствувате своевидна осаменост, но имајте во предвид дека каде и да појдете, ќе се најдете во подобро друштво. Сега храбро може да ги следите своите цели и ќе бидете поддржани од некоја личност за која не се ни надевавте. Избегнете ја замката на несигурност.

БЛИЗНАЦИ: Денес бидете претпазливи, особено кога станува збор за љубовта – останете смирени и ладни ако се најдете затечени во незгодна ситуација. Сега е добро да се спремите за следните неколку недели, кои ќе бидат со поубави влијанија за вас. Чекајте и подготвувајте се.

РАК: Сакате внимание и лажен престиж и го барате тоа на многу арогантен и горделив начин. Сте се увериле дека целта ги оправдува средствата и дури сте спремни да предадете некој – не се спуштајте на нивото на вашиот противник! Понуда базирана со намера за материјална корист.

ЛАВ: Немојте да се плашите дека ќе го изгубите она што е сработено досега, така може да си направите поголема препрека немајќи оригиналност, па дури и можен страв од промени. Бидете поотворени, не се сомневајте и заборавете на предрасудите – само така ќе си помогнете.

ДЕВИЦА: Денес е добро да внимавате да не ја распрснете енергијата на многу страни, особено пред завршување на конечната битка. Внимавајте на можните саботери или потенцијални предавници и не се давајте премногу. Оваа фаза брзо ќе помине, затоа добро испланирајте сѐ.

ВАГА: Зад вас е период на искушенија и тешкотии, а сега вашата работа е повторно успешна – веднаш почнете да работите инаку ќе ја пропуштите шансата да постигнете добри резултати. Ова е добар период за одличен профит. Ако појдете на пат, ќе си поминете неизмерно убаво.

СКОРПИЈА: Ова е добар период да ја зајакнете лидерската позиција, отколку да регрутирате истомисленици – бидете доследни на своите принципи, дури и кога целите се менуваат. Што им фали на ситните победи и мали успеси? Пливајте со струјата, а не спроти неа и сѐ ќе биде во ред

СТРЕЛЕЦ: Внимавајте на своето психофизичко здравје и избегнете ја замката да учествувате во некој срамен чин. Неизбежна вина, недоверба и дилеми. Како и да е, обидете се да најдете време за одмор и добро да ги средите своите мисли и здравје. Нечесност од нечија страна.

ЈАРЕЦ: Сега имате шанса да се одморите, отпатувате и забавувате некаде на друго место. Успешно ги привршувате работите, а пријателствата и романтичните врски процветуваат. Ако не ја одбиете поддршката и помошта од другите, вашите желби ќе се исполнат. Добри финансии.

ВОДОЛИЈА: Овој викенд е добро да не се занесете со материјалните работи – преголема самодоверба, која може да резултира во лоши инвестиции. Внимавајте на склоноста кон измама и бескрајни ситни кавги мотивирани од завист и алчност. Имајте барем малку сочувство.

РИБИ: Се појавуваат повеќе предиспозиции пред вас – патувања базирани на потребата за изучување и напредување. Сега сте премногу сензитивни, затоа внимавајте да не ги расипете односите со колегите и пријателите. Вознемиреност поради некој инцидент, но не грижете се.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com