Хонг Конг претстави закон со кој се казнува навредувањето на химната

Законодавците во Хонг Конг претставија контроверзен закон со кој ќе се казнува навредување на државната химна со до три години затвор и речиси седум илјади долари.

Хонг Конг е посебен административен регион на Кина каде сличен закон беше донесен во 2017 година.

Казните се предвидени за сите кои „јавно и намерно ќе ја навредат химанта“ или за употреба во комерцијални цели, соопшти канцеларијата за Устав и континентални работи во Хонг Конг.

Во соопшението се истакнува дека Законот, кој треба да биде донесен подоцна годинава, е со цел да се обезбеди достоинство на химната.

Слични закони постојат и во Сингапур, Малезија и Тајланд каде химната на кралското семејство е заштитена со закони против велепредавство.

По објавувањето на информацијата, група продемокртски демонстранти се собраа пред владиниот кабинет во Хонг Конг во знак на протест против предложениот закон. Тие носеа транспарент на кој пишуваше „Слобода на славењето (пеењето)“.