Хилари Клинтон ќе се игра себе си во 5. сезона од „Мадам секретар“

САД– Поранешниот државен секретар Хилари Клинтон се враќа во политиката – барем на малите екрани. Демократскиот претседателски кандидат на изборите во 2016 година ќе се игра себеси во политичката драма „Мадам секретар“, објави „С-Би-Ес“ . На Клинтон  ѝ се приклучија поранешните државни секретари Медлин Олбрајт и Колин Пауел.

Клинтон, Олбрајт и Пауел ќе бидат специјални гости на премиерата на петтата сезона, која ќе се емитува на 7 октомври. Во епизодата, државниот секретар Елизабет Мекорд (портретирана од Теа Леони) ги прашува тројцата поранешни државни секретари за совет како да се справи со една чувствителна ситуација.

„Имајќи предвид дека тројцата моќни дипломати се согласија да дојдат на нашето шоу е страшно инспиративно и за почит“, изјави извршниот продуцент Лори Макрири во соопштението за медиумите.

Клинтон и порано се има појавувано на малите екрани, играјќи се себеси во комичната серија „Простран град“ во 2016 година. Таа е исто така беше гостинка на шоуто на Елен Деџенерис, како и на ноќните шоуа на Сет Мејерс и на Џими Фалон.

Клинтон беше државен секретар на претседателот Барак Обама од 2009 до 2013 година. Во 1997 година, Олбрајт стана првата жена што ја доби титулата државен секретар на САД кога беше на функција со претседателот Бил Клинтон. Пауел служеше како државен секретар на претседателот Џорџ Буш од 2001 до 2005 година.