Хилари Клинтон нема да учествува на претседателските избори во 2020 година
САД- Поранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон изјави дека нема да се кандидира за претседател на изборите во 2020 година, јави Си-Ен-Ен.
Со тоа таа стави крај на шпекулациите дека ќе учествува во претседателската трка во 2020 година.
Клинтон додаде дека планира да продолжи да работи и да ги брани своите убедувања и потенцираше дека ужива во животот на писателка, активистка и баба.
Таа одби да посочи кандидат од Демократска партија кого би поддржала.