Хајди Клум критикувана што на 44 години рекламира долна облека

САД- На германската манекенка Хајди Клум многумина ѝ замериле дека во 44 година од својот живот се соочува со популарниот “ејџизам” (негативен став или стереотипно однесување кон стареењето и повозрасните) и е стара за да промовира долна облека и костими за капење, но таа е одлучна дека сака и понатаму тоа да го прави, а на сите критики таа порача дека нејзиниот рок на траење не е истечен.

Славниот топ-модел гостуваше во емисијата на популарната Елен Диџенерис каде зборуваше за својата линија за долна облека “Heidi Klum Intimates”. Таа ги претставуваше различните модели на долна облека и истакна дека слушнала за гласините дека треба да се повлече од модната сцена.

“Имам 44 години и наскоро ќе наполнам 45 и веќе ме прашуваат дали имам некои нови планови. Немам. И понатаму ќе се занимавам со работата на начин на кој што и досега сум го правела тоа”, рекла Хајди и напомена дека годините не ѝ можат ништо.

“Зарем јас не можам да бидам секси? Зарем тоа го можат само жените со 30 години? И други мои врснички, па и повозрасните треба да се чувствуваат секси. Не разбирам кој ни даде рок на траење и кој ќе речи дека е крај?”, запраша манекенката која долги години беше заштитно лице на модните бренд “Victoria’s secret”.