Хасани поради повреда го пропушта мечот со Словенија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Ферхан Хасани поради повредата здобиена на синоќешниот натпревар против Летонија нема да биде во составот на нашата репрезентација за пресметката против Словенија.

Фудбалерот од средниот ред има скинато мускулно влакно и поради тоа не е во можност да настапи на натпреварот во Љубљана.

Селекторот на нашата најдобра репрезентација, Игор Ангеловски нема да повикува друг фудбалер на местото на повредениот Ферхан Хасани.

Натпреварот од 2. коло од квалификаците за ЕУРО 2020. меѓу Словенија и Македонија се игра на 24. март на стадионот „Стожице“ во Љубљана.