Хари и Меган на гости кај Клуни на езеро Комо

Италија- Британските медиуми дознаа дека принцот Хари ја одвел својата сопруга Меган Маркл на тридневен одмор во Италија. Двојката беше на гости кај познатиот холивудски актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал во луксузната вила на езерото Комо.

Меган и Хари пристигнаа во Италија со приватен авион, а за нивната безбедност се погрижија полициските сили.

Според италијанските таблоиди, ова беше интересен и несекојдневен одмор за членовите на сината крв. Принцот Хари поголемиот дел од своето време го помина играјќи тенис и кошарка со Џорџ, а Меган ѝ помогаше на Амал за близнаците Ела и Александар, кои сопружниците Клуни ги добија пред речиси една година.

Кусиот одмор во Италија особено ѝ годеше на војвотката од Сасекс, која последните девет месеци ги помина приспособувајќи се на строгите кралски норми и правила.

Двојките одамна се дружат, а Џорџ и Амал Клуни беа и на свадбата на Хари и Меган.