Хари и Меган во Мадам Тисо

Англија- Војводата и војвотката од Сасекс се приклучија на останатото кралско семејство во славниот музеј на восочни фигури „Мадам Тисо“ во Лондон.

Меган Маркл и принцот Хари се атракција и сите посетители на музејот сакаат да се фотографираат со нив.

Британската јавност не е задоволна од фигурите и веќе почнаа првите критики дека восочните Хари и Меган воопшто не личат на вистинската двојка.