Харадинај: Ќе ставиме крај на хаосот со игрите на среќа

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека состојбата во индустријата на игри со среќа во земјата е хаотична и дека ќе бидат преземни мерки за нејзино средување.

Харадинај по денешната седница на Владата најави дека набргу ќе се воспостави законска основа за решавање на проблемите во таа област, а за почеток надлежните ресори изготвуваат концепт-документ.

– Наша цел е да воведеме некаков ред со тие места за игри на среќа, бидејќи веќе е претерано со нив, станаа како печурки кои никнуваат насекаде низ Косово. Има случаи на криминал, самоубиства и проблеми и не можеме да дозволиме веќе да продолжи така, изјави Харадинај.