Харадинај: Од денеска границата меѓу Косово и Албанија не постои

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на Фејсбук објави дека „од денес, Косовската граница со Албанија не постои”.

„Денес, ми беше чест да учествувам во потпишување на договор за воспоставување на заеднички гранични точки меѓу Косово и Албанија,

„Од денес границата меѓу Косово и Албанија не постои. Ќе имаме само една заедничка станица. Работата ќе продолжи и во март ќе влеземе во втората фаза од целосната елиминација на границата меѓу Косово и Албанија, врз основа на принципите на Шенген “, пишува Харидинај.

Тој истакна дека е во интерес на Косово и Албанија „да го зачуваат и подобрат билатералното партнерство меѓу двете земји”.