Хан: На 30 септември ја определувате својата иднина (ВИДЕО)

„На 30 септември имате единствена можност да ја определите својата иднина. Тоа е можност што се нуди еднаш во животот. Одлуката ќе има влијание врз граѓаните, нивните деца и на идните генерации кои се уште не се ни родени. Референдумот е уникатна можност да се донесе важна одлука со далекусежни последици“, порача еврокомесарот Јоханес Хан по денешната средба со премиерот Зоран Заев во Скопје.

Според него, важно е граѓаните да донесат информирана одлука преку квалитетно известување.

„Информирајте се и искористете го демократското право на глас и слободен избор, особено младата генерација, Одете да гласате и одлучете за можностите кои ви се нудат“, рече Хан.

Тој повторно искажа поддршка за договорот меѓу Македонија и Грција.

„Договорот е силно поддржан од меѓународната заедница зашто е чувар на земјата и на евроатлантските перспектива, но одлуката за него е одлука која граѓаните независно треба да ја донесат. Тоа ќе биде важен прилог за земјата и за регионот. Останува на вас да решите на 30 септември. Вратата на ЕУ е отворена, но вие решавате дали ќе ја искористите можноста. Нема време за губење“, порача Хан.

Посочи дека во изминатите недели Скопје станало најпопуларната дестинација на политичарите од Европа и од целиот свет.

„Тоа е доказ колку се цени спогдбата со Грција и како на неа гледа меѓународата заедница. Во светот имало многу долготрајни конфликти, а ова е редок пример на нивно решавање, што е поздравено од меѓународната заедница. Тоа поттик за сите и покажува дека дури и замrзнатите конфликти можат да се решат ако има добра волја, лидерство и одлучност“, рече Хан.

Сепак, како шти нагласи, конечната одлука зависи од граѓаните.

„Каква одлука и да се донесете ЕУ ќе биде на ваша страна“, рече Хан.

Најави дека следната недела почнува скиринингот односно подготвителните активности за прегововорите за членство на Македонијанија во ЕУ.

Одговарајќи на новинарско прашање, Хан истакна дека пораката што ја упатил на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски е иста како онаа што ја упатува до граѓаните и сите останати чинители.

„Мојата порака кон него како и до премиерот и останатите лидери не само вчера, туку и претходно е дека станува збор за рефренедум за иднината нја земјата и целата ситуација не смее да се исполизитира. Политичките партии треба да се воздржат од злоупотребување на ова за партиски цели“, рече еврокомесарот потенцирајќи притоа дека во ваков крупцијален момент не е момент да се играат политички игри.

Премиерот Заев посочи дека најважната одлука до почеток на преговорите со ЕУ ќе ја направат граѓаните на 30 септември.

„Република Македонија и нејзините граѓани ја ценат поддршката на ЕУ за унапредување на нашата држава. Денешната посета на еврокомесарот Јоханес Хан го потврдува тоа. Имам само зборови за пофалба за кампањата „Замисли иднина заедно“ која ги потсети граѓаните за нераскинливите врски со ЕУ. Граѓаните никогаш порано не се чувстувале како дел од ЕУ како сега“, рече Заев, додавајќи дека тоа се покажало и со неговото обраќање на мајчин јазик во Европскиот парламент.

Македонскиот премиер оцени дека секоја средба со лидерите на Европската унија во оваа фаза на патот кон ЕУ е огромна поддршка и оти круна на напредокот на државата ќе бидат претпристапните преговори со Унијата.

„На 27 септември ќе го започнеме скринингот, а до јуни ќе покажеме конкретни реформски чекори како владењето на правото, борбата против корупцијата и реформите во администрацијата“, истакна премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот Јоханес Хан.