Хан во Белград: Србија е предводник во спроведување реформи

Србија прв пат доби временска рамка која таа треба да ја искористи, но ве чекаат тешки реформи во владеењето на правота и правосудството, изјави во Белград европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Бевме многу јасни во ЕУ. Долгорочната стабилност бара помирување и добрососедски односи. ЕУ не може и нема да увезува билтерални спорови. Србија мора да прифати правно обврзувачкиот договор со Косово и ние ќе помогнеме, како и за решавањето на граничните прашања со другите соседи, изјави Хан.

Тој го поздрави српскиот внатрешен дијалог за Косово, додадавајќи дека разговорите со Косово не треба да се врзуваат со прецизни датуми, туку за квалитет, без да се брза во изнаоѓање решение прифатливо за сите.

Осврнувајќи се на Стратегијата на Еврокомисијата за Западен Балкан, што беше усвоена вчера, Хан нагласи дека таа го покрива целиот регион, во кој, според него, постои многу неискористен економски потенцијал што треба да се искористи.

– Во последните 10 години регионот двојно ја зголеми трговинската размена со ЕУ на 43 милијарди евра, констатираше Хан.

Тој нагласи дека процесот на пристапување кон ЕУ „преставува регата, а не конвој“

– Секоја земја треба да напредува со сопствена брзина за постигнување на резултатити и праведно е тие кои се побрзи, за тоа да добијат заслуги. Србија засега е предводик. Реформите се тешки, но треба да ги исполните сите, а ЕУ ќе помогне, изјави еврокомесарот Хан.

Српскиот претседател Вучиќ, од своја страна, изјави дека 2025 годдина за Србија не значи никаква гаранција, туку е важна како поттик за реформите за влез во ЕУ.

– Најтешки задачи и се поставени на Србија и ние мораме да донесеме одлуки. А тоа е прашањето на регулирањето на одност меѓу Белград и Приштина. Србија исто мора да ги реши и проблемите со границата со БиХ и со Хрватска, што ќе оди тешко. Тоа се нашите главни препреки на патот кон ЕУ, но ние мораме да се обидеме овие проблеми да ги решиме, изјави Вучиќ.

Во врска со Косово тој изјави дека траба да се најде решение по пат на компромис, во кој и едни и други ќе изгубат и ќе бидат помалку задоволни.

Српскиот претседател во контекст на неговата посета на Хрватска, го коментираше и барањето на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ за исплата на воена отштета од Србија за Хрватска, при што изјави дека тој тоа не би го правел тоа ако е на негово место.

Вучиќ спомена дека Брисел од Србија бара и усогласување со надворешната политика на ЕУ. – Тој став е во спротивност со преговарачката рамка со ЕУ и ова преставува додатен притсок поради нашите односи со Русија, нагласи Вучиќ.

Тој нагласи дека ако Србија успее да ги реши политичките проблеми, тогаш ќе и биде полесно да ги реши и економските пречеки и да влезе во ЕУ.

– Стратегијата е значаен потик за Србија, но и за целиот регион, констатираше Вучиќ.

Хан денеска во Белград имаше средба и со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ по што беа потпишани договори за секторско-буџетска поддршка за интегрирано управување со границата и за донација меѓу ЕУ и Србија за помош во решвање на мигрантската криза.

Документи ги потпишаа министерката за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ и министерот за труд Зоран Ѓорѓевиќ со директорот за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседска политика и проширување, Геновева Руиз Калвера.

Еврокомесарот Хан утре ќе ја посети и Подгорица.