Хамилтон: Ферари беа побрзи, но ние ги земавме бодовите

Луис Хамилтон беше видливо задоволен по неговата шеста победа на „Хунгароринг“. Мерцедес ја контролираше трката цело време и не им даде можност на Ферари да ја покажат својата предност. На патека која не нуди многу можности за претекнување, клучно се покажа освојувањето на пол-позицијата. Хамилтон ги искористил дождливите временски услови и со Ботас започна од првиот стартен ред. Иако времето беше суво и жешко, тие го диктираа темпото.

 – Прекрасен ден. Дојдовме тука со знаење дека Ферари се побрзи, но ние ги зедовме бодовите. Тоа е бонус за нас, но сметам дека заслуживме. Беше многу жешко, постојано се мачев, последниот сектор беше едноставно убиствен, изјави Хамилтон веднаш по крајот на трката.
На прашањето дали ќе ужива спокојно на плажа по солидната предност од 24 поени, Луис изјави дека не планира да се релаксира.
– Не сум човек кој ќе легне да ужива на плажа. Ќе правам многу нешта, освен тоа ќе тренирам напорно за да бидам подготвен за вториот дел од сезоната. Чудесно е дека сме толку силни последните две трки. Екипата вложува големи напори, заслужуваат честитки, па ние ќе продолжиме да притискаме, додаде Британецот.