Хамилтон со нов тригодишен договор со Мерцедес вреден 150 милиони евра

Шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон ги договори условите со Мерцедес за потпишување на нов договор според кој ќе заработи 150 милиони евра во наредните три години.

Актуелната соработка меѓу Британецот и Мерцедес завршува на крајот на наредната сезона, па раководството на тимот реши да му понуди нови, пишува британски „Сан“.

Договорот се очекува да биде потпишан во претстојниот викенд, во пресрет на последната трка во 2017 година што ќе се вози за ГН на Абу Даби.

Луис Хамилтон има четири шампионски титули во кариерата и упати порака до конкурентите дека планира да вози уште пет-шест години.