Фудбал, Прва лига: Шкендија го почести Скопје со четири гола, хет-трик на Ферхан Хасани

Шкендија не дозволи опуштање и луксуз ниту против Скопје во меч од 16 коло во македонскиот фудбалски шампионат. Вицепрвакот попладнево беше убедлив на домашен терен против фенерџијата на табелата со 4:0 и моментно е со 13 бода пред Вардар на врвот на табелата.

Хет-трик за тетовци на „Еколог арена“ прослави Ферхан Хасани. Капитенот на „црвено-црните“ и репрезентативец на Македонија погоди во 11 минута, во 38. и во 60. за потврда на 13 триумф во сезоната. Четвртиот гол за Шкендија, трет на средбата, беше дело на Егзон Бејтулаи во 53 минута.

Силекс со 2:0 славеше на гостувањето кај Победа, Академија Пандев и Работнички одиграа 1:1, а Шкупи беше подобар од Ренова со 4:1. Попладнево (18 ч.) на „Телеком арена“ во Скопје ќе играат „вечните“ во македонскиот фудбал, Вардар и Пелистер.

Прва лига, 16 коло

Шкендија – Скопје 4:0

Победа – Силекс 0:2

Академија Пандев – Работнички 1:1

Шкупи – Ренова 4:1

Вардар – Пелистер (18 ч.)

Табела: Шкендија 40, Вардар 26 (-3), Академија Пандев 25 (-1), Силекс 25, Работнички 20 (-1), Шкупи 18 (-1), Ренова 17, Пелистер 15 (-1), Победа 15, Скопје 9 (-1).