Фудбалер од Хрватска почина на натпревар

Нова трагедија го потресе фудбалскиот свет. На вчерашниот натпревар од третата лига во Хрватска меѓу Марсонија и Славонија, почина 25-годишниот Бруно Бобан. Во седмата минута од мечот, топката го погоди во гради, по што падна на тревникот. Следуваше интервенција на Итната помош, потоа и реанимација, но залудно.

„Силен удар во градите, може да предизвика аритмија што може да предизвика застој на работата на срцето“, изјави Ивица Смодек, лекар во Динамо и еден од најугледните лекари по спортска медицина во Хрватска.