Фудбалери на Фулам се степале за време на јога

Двајца играчи на Фулам, Абубакар Камара и Александар Митровиќ се степале за време на сесија по јога, соопштуваат медиумите на Островот. Инцидентот се случил минатата недела.

Причината за несогласувањето најверојатно е поради ситуација при победата над Хадерсфилд (1:0), кога Камара не му овозможи на Митровиќ да исполни пенал, а пред крајот на дуелот, Србинот го реализираше победничкиот гол.

За време на јога сесијата, Камара се обратил грубо кон инструкторот, а Митровиќ му упатил остра забелешка. Благодарение на интервенцијата на другите играчи, сепак не дошло до нешто посериозно.

Менаџерот на Фулам, Клаудио Раниери, одлучи да се раздели со Камара во зимскиот трансфер прозорец. Тимот од Лондон ги загуби последните три натпревари и го заземаат последното место на табелата во Премиер лигата со 14 поени по 22 натпревари.

Митровиќ постигна осум гола оваа сезона, а Камара – 3.