Фрлени бисти на Чеде Филиповски и Злате Малакоски

Во Маврово се фрлени бистите на народните херои Чеде Филиповски и Злате Малакоски. Според информациите од полицијата, 74-годишен маж вчера околу 11 часот пријавил дека во населбата Маврови Анови, две непознати лица со употреба на физичка сила, ги турнале двете бронзени статуи и побегнале.

„Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.