Француската комедија „Како вистински момчиња“ во Кинотека на Македонија

Францускиот комичен филм „Како вистински времиња“, на 22 февруари, петок, ќе се прикажува во Кинотека на Македонија во 21 часот.

Проекцијата е дел од циклусот „Современ француски филм“, во рамките на месечниот француски кино-клуб во Кинотека.
Се работи за филм на Жилиен Алар од 2018 година, со Макс Бублил, Ванеса Гиг и Солен Рого во главните улоги. Весникот Ле Паризјен го нарече „филм со фантастичен дрим-тим“.
Дејството се одвива во Ренс, во 1969 година. За време на годишната забава за вработените во дневниот весник Ле Шампеноа, Пол Кутар, којшто е непоправлив заводник и спортски новинар во редакцијата на весникот, одлучува да организира фудбалски меч во женска конкуренција за да му се спротистави на директорот. Неговата најголема непријателка и секретарка на управникот, Емануела Бруно, е принудена да му помогне. Без да знаат, двајцата ќе учествуваат во создавањето на првиот женски репрезентативен фудбалски тим на Франција.
Филмот е со превод на македонки јазик.