Франција ја предупреди Италија да ги почитува прописите на ЕУ

Стабилноста на еврозоната ќе се доведе во прашање доколку новата италијанска Влада не ги почитува финансиските обврски, изјави францускиот министер за економија Бруно Ле Мер.

– Ако новата влада ризикува и не ги почитува обврските во врска со долгот и дефицитот, но и со „чистењето“ на банките, тоа ќе биде закана за финансиската стабилност на еврозоната. Сите мора да знаат дека иднината на Италија е во Европа, а ако е така, тогаш правилата мора да се почитуваат, рече Ле Мер.

Брисел реагира поради најавата на новата италијанска коалиција за натамошно зголемување на јавните трошоци, а Италија веќе е презадолжена.