Франција со убедлива победа над Србија прва дојде до полуфиналето


Франција е првата репрезентација која обезбеди полуфинале на Европското ракометно првенство што се одржува во Хрватска.

Актуелниот светски шампион ја победи Србија на денешниот меч со 39:30 и се зацврсти на првата позиција во Групата 1. Франција и натаму е единствената репрезентација без пораз на Европското првенство.

Лука Карабатиќ со седум погодоци беше прв стрелец кај Франција и на крајот беше прогласен за играч на натпреварот.

По оваа средба во Арена Загреб силите ќе ги одмерат Шведска и Белорусија.