Франција: Се урна аквадукт стар еден век

Аквадукт изграден пред повеќе од еден век во местото Компс во близина на францускиот град Ним, се урна синоќа, без да предизвика човечки жртви,

Осум аркади од камениот аквадукт, изграден меѓу 1892 и 1900 година за пренос на вода од реката Рона до Ним, одеднаш се урнал околу 22 часот.

Локалните пожарникари информираа дека 200 метри долгата структура „одеднаш се распаднала во должина од над стотина метри“.

– Структурата на аквадуктот се урна во должина од повеќе од сто метри со заглушувачка бучава, изјави градоначалникот на Компс.

Според дневниот весник „Миди либре”, градоначалникот на Компс, кој живее во близина на аквадуктот, откако ја слушнал „”заглушувачката бучава, побарал помош.

Спасувачки тим со кучиња за трагање по преживеани под урнатини и со термо-камера, ги пребараа урнатините за да се проверат дали под нив има евентуални жртви.