„Франс фудбал“: Извини, Андрес!

Главниот и одговорен уредник на списанието „Франс фудбал“, Паскал Фере, објави текст под наслов „Извини, Андрес!“.

Легендарниот фудбалер на Барселона и на шпанската репрезентација, Андрес Иниеста, никогаш не го доби признанието за најдобар играч на светот „Златна топка“, а според Фере тоа е „аномалија“.

Уредникот на „Франс фудбал“ наведува дека последна шанса да се исправат нештата и Иниеста да добие „Златна топка“ е Светското првенство во Русија, доколку фудбалерот има успешен настап.

Иниеста беше на чекор од освојувањето на оваа награда по Мундијалот во 2010 година. Тој во финалето го постигна решавачкиот гол против Холандија, но „Златната топка“ ја доби неговиот соиграч од Барселона, Лионел Меси.