Франка Бателиќ ќе ја претставува Хрватска на Евросонг во Лисабон

Хрватска- Поп-пејачката Франка Бателиќ ќе ја претставува Хрватска на 63. Евросонг во мај во Лисабон, Португалија. Песната, по избор на Хрватската радио-телевизија, се вика „Crazy“. Бателиќ се враќа на хрватската поп-сцена по 4 години пауза. Во хрватската јавност е актуелна и како девојка на славниот фудбалер Ведран Чорлука.