(Фото) Јелена Јованова со сопругот на Сараево филм фестивал

БиХ- Македонската славна актерка Јелена Јованова која живее и работи во Загреб, Хрватска, прошета со сопругот на црвениот килим на Сараево филм фестивал, најпрестижната филмска смотра во регионот. Јованова глуми во српскиот детски филм „Злогоње“  кој ќе биде прикажан во детската програма на фестивалот.

Со сопругот Стјепан Периќ се запозна на снимањето на серијата „Тајни“ во Загреб. Љубовната приказна ја крунисаа со брак, а едно од нашите најангажирани актерки во регионот и во светски продукции, како што претходно, во интервју за „Независен весник“ изјави, живее на релација Загреб-Скопје и Штип каде е родена.

На Сараево филм фестивал кој трае до петок ќе бидат прикажани 266 филмови од 56 земји, а оскаровците и ѕвездите од Хрватска како Северина и Јелена Вељача се во центарот на вниманието со својата гардероба.