(Фото) Топ-манекенките носеа улична мода: Ревија на „ Москино и H&M“ во Њујорк

САД– Наоми Кембел и сестрите Џиџи и Бела Хадид беа дел од манекенките што вчера се појавија на модната ревија во Њујорк со која се презентира соработката на брендот H&M со Џереми Скот, креативниот директор на „Москино“. Славни личности, како Париз Џексон и Френсис Кобејн, исто така, беа забележани во првиот ред на ревијата.

Интензивните бои го дефинираат текот на колекцијата во која лесно ќе го препознаете Москино. Дуксери со апликации и со ликови од цртаните на Дизни, џинс, кожени јакни, здолништа и панталони, шаренило во кое доминира естетиката на уличната мода.

Во импозантната листа на соработки со шведскиот гигант се запишуваат и Кензо, Балмен, Александар Ванг, Ердем… и секој од нив остава свој карактеристичен печат.