(ФОТО) Тешка сообраќајка кај Карпалак, четири лица повредени

Вкупно четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи утрово на автопатот Скопје – Тетово, информираше портпаролот на СВР-Тетово, Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци утрово нешто пред девет часот било пријавено дека на автопатот Скопје Тетово после Карпалак има превртено патничко моторно возило „форд ескорт“ со скопски регистарски таблички. Според полицискиот увид автомобилот бил управуван од И.Р. (22) од Скопје кој загубил контрола врз возилото кое удрило врз блиските карпи и се превртело на десната страна. Возачот и тројца сопатници во возилото на 22, 24 и 27 години, исто така, од Скопје се здобиле со телесни повреди по што биле префрлени во тетовската болница од каде по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување.

Истрагата работи на утврдување на причините за сообраќајката и вкупната материјална штета.