(Фото) Стилски двобој на министерки за одбрана: Штиклите на Шекеринска и Катич


Мир, а не војна порачаа со белата гардероба денес министерките за одбрана на Македонија и Словенија Радмила Шекеринска (46) и Андреја Катич (48) додека дефилираа на црвениот килим за време на церемонијата на пречек покрај почесниот строј на гардата на Армијата на РМ.

Двете опасни дами избраа различен стил: Шекеринска како домаќинка во поелегантно издание со црно здолниште без модни додатоци, а високата гостинка, по образование правничка, во покежуал издание во крем нијанса , со пантолони и со неупадливи модни детали како ѓердан и обетки.

И изборот на чевли беше различен. Рада во елегантни и кожни, со пониски шпицести штикли, а Андреја, според протоколот, невобичаени, заоблени, во будоарски стил кадифени салонки за кои уште долго ќе се зборува.

Приказната за штиклите е стопроцентно женска.Мажите до ден денес не можат да ја сфатат хемијата меѓу жените и чевлите. Не можат да разберат зошто повеќе од 50 % жени имаат во просек 10 пара чевли, носат само 3-4 пара, и потоа пак секој месец купуваат по 2-3 пара нови. Како да им објасните дека тоа е љубов на прв поглед.

Отсекогаш високите штикли биле убоито стилско оружје. Особено кога ги носат дами, а овој пат и министерки за одбрана.

 

Лејла Сабит   Фото: Борис Грданоски