(Фото) Сопругата на Лионел Меси со фотографии од децата му го честиташе роденденот

Аргентина– Антонела Рокуцо не е во Русија за да го прослави роденденот на Лионел Меси во негово друштво, но ги искористи социјалните мрежи за да му ја пренесе својата порака.

30-годишната сопруга на славниот аргентински фудбалер сподели слатки семејни фотографии заедно со романтична порака. На дел од фотографиите, 31-годишниот фудбалер позира со трите сина – 5-годишниот Тијаго, 2-годишниот Матео и 3-месечниот Чиро.

„Среќен роденден, љубов. Те сакаме премногу! Ти благодарам што ме направи најсреќната жена на светот и за семејството кое го создадовме, а кое ни е најголемото богатство. Ти посакувам среќа сега и засекогаш, љубов моја“ – напиша таа.

Меси и Антоанела стапија во брак во јули минатата година. Тие се запознале уште кога биле деца, а официјално објавија дека се во врска во јануари 2009 година.