(ФОТО) Се ожени хрватскиот тенисер Марин Чилиќ, гостите ги забавувал Џибони

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ вчера се ожени по долгогодишна врска со својата девојка Кристин Милковиќ, а се венчале во црквата „Свети Никола“ во Цавтат. Забавата за роднините и пријателите била во Дубровник, во клубот „Ревелин“.

За добра атмосфера на свадбата на четвртиот играч во светот бил задолжен Џибони, кој ја испеал песна за првиот танц, а потоа продолжил со својот одличен репертоар.

На свадбата присуствувале околу 400 гости кои се забавувале до доцните вечерни часови, пишува „Индекс“.