(Фото) Сараево филм фестивал: Северина со сопругот на црвениот килим

БиХ– Најпрестижниот филмски црвен килим деновиве е распослан во Сараево каде се одржува 24. издание на престижниот филмски фестивал,  најголема регионална филмска смотра во овој дел од Европа. До 17 август фестивалот ќе донесе 266 филмски остварувања од 56 земји во светот и многу ѕвезди и оскаровци.

Во Сараево уживаат и се дружат оскаровците Денис Тановиќ, Павел Павликовски и Асгар Фархади, а со свои тоалети воодушевуваат актерите и поп-ѕвездите од регионот како Северина, Јелена Розга, Дино Мерлин, Милана Влаовиќ…

Северина Којиќ со сопругот предизвика внимание со скромниот фустан без деколте на „Проенза Шулер“.