(Фото) Ретроспектива на Кан: Филм, мода и стил


Франција – Канскиот филмски фестивал ќе се одржи од 8 до 19 мај и обично е еден од најгламурозните настани на европскиот календар. Фестивалот, во својата 71-та година, носи мешавина од холивудски ѕвезди и светски кинематографски автори на француската ривиера.

Оваа година, филмовите на Годар, Спајк Ли, Панахи и Асгар Фархади се меѓу оние кои се натпреваруваат за посакуваната златна палма. Ѕвездите, меѓу кои Кристен Стјуарт, Шарлиз Терон, Џулија Робертс и Жерар Депардје ќе се појават на црвениот тепих пред „Пале“, главната филмска сала во Кан.

Подалеку од светлото на фестивалот, илјадници обожаватели на филмски ѕвезди ќе го преплават булеварот Кросет, еден од најпрометните шеталишта во Европа. Погледот на море, како и изложените супер-јахти без сомнеж ќе добијат поголем дел од вниманието, исто така.

„Асошиетед Прес“ е на француската ривиера со години и сериозно го следи филмскиот фестивал, како и славните личности кои присуствуваат. Еве неколку моменти фатени од страна на фотографи од „АП“ низ годините што илустрираат дел од стилот на Канскиот стил и гламур.