( Фото) Пролетта не може да се замисли без кожни јакни: Шест модели во кои веднаш ќе се вљубите

САД – Моторџиската кожна јакна, заштитен знак на поклониците на културата на животот на две тркала, оваа година е целосно женствена – во нападни бои и украсена со предимензионирани нитни и цветни мотиви.

Јакната во 20-тите ја измислија браќата Ирвинг и Џек Скот од Њујорк, синови на руски имигранти, кои потоа станаа и официјални партнери на „Харли Дејвидсон“, производителите на американскиот бренд мотори, кој оваа година слави 115-годишен роденден. Но јакната веќе долго е јавно сопствеништво – нејзини варијанти можат да се најдат во колекциите на познати модни куќи и конфекции.