(Фото) Портрет од Мајорка: Кралот Фелипе ги покажа ќерките

Шпанија- Шпанската кралска фамилија традиционално летува во Палма де Мајорка. Новите фотографии од семејството на кралот Фелипе Шести (50), и неговата сопруга кралицата Летиција (45) покажува колку ќерките, принцезите Леонор (12) и Софија (11) пораснале и ја следат модата.

Некои од фотографиите се снимени и во палатата „Алмудаина“, летната резиденција на кралското семејство.