(Фото) Оскаровката Хилари Свонк тајно се омажи: Свадба во шума

САД- Хилари Свонк тајно се омажи за претприемачот Филип Шнајдер, а фотографиите од шармантната венчавка стигнаа до очите на нејзините фанови благодарение на „Вог“.

Двократната оскаровка го изговори судбоносното „Да“ во фустан од Ели Сааб, кој бил изработуван 70 часа од страна на 7 лица. Подоцна невестата се пресоблече во втора венчаница креирана од Марија Грација Киури, која стои на чело на модната куќа Диор. Елегантните сандали биле специјално направени за неа од Кристијан Лубутан.

„Со години го сакам Ели Сааб и бев пресреќна што тој ми ја дизајнираше венчаницата. Сакав нешто романтично… Фустанот беше сè што си замислував и повеќе од тоа“ – изјавила 44-годишната актерка.

Двојката се заколна на вечна љубов во природа, пред дрвја кои се постари од 800 години. Вечерната прослава тие ја започнаа со танц на „Can’t Take My Eyes Off You“.

Свонк претходно беше во брак со актерот Чад Лоу кој траеше девет години. Двојката се разведе во 2006 година и нема деца.