(Фото) Ноќта на вештерките во Белата куќа: Меланија како Џеки О.

САД- Првата дама на САД Меланија Трамп за Ноќта на вештерките со стилот потсеќаше на експрвата дама и стилска икона Џеки О, пишуваат американските весници.

Со капут во есенски тонови на италијанскиот луксузен бренд „Ботега Венета“ од 4 илјади долари и салонки на Маноло Бланик, Меланија испиша уште една успешна модна страница.

Како што е традиција, Првата дама и Претседателот на САД пречекаа мали гости пред Белата куќа, која беше декорирана со тикви за популарниот празник.

Со сопругот Доналд Трамп, им делеа слатки изненадувања на маскирани дечиња по повод Халовин.