(ФОТО) Навивачите на нозе, Македонија е во водство

Нерешено 11:11 заврши првото полувреме на натпреварот што Македонија вечерва го игра со Словенија во 1.коло група-Ц од Европското ракометно првенство во Хрватска.

Македонските ракометари во најголемиот дел од полувремето беа во негатива, но во финишот по неколкуте одбрани на голманот Никола Митревски успеаја да ја анулираат предноста на противникот.

Избраниците на селекторот Раул Гонзалес имаа голема помош од „Фалангата“ која е во завиден број од преку 2.000 и е далеку побучна од словенечките навивачи.

Во второто плувреме Македонија започна со водство и засега е во предност.