Министерот Алаѓозовски се фотографираше со својот двојник

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски се фотографираше со својот двојник односно со човек кој беше маскиран како него.

Фотографијата е направена за време на Вевчанскиот карневал кој се одржа на 13 јануари.

Алаѓозовски ја споедли фотографијата на својот профил на Фејсбук.

– Во Вевчани остварив средба со министерот за некултура. Договоривме соработка и нови проекти – напиша Алаѓозовски под фотографијата.