(Фото) Маја Кикириткова: Пролетна колекција за динамични жени

Модната дизајнерка Маја Кикириткова, викендов, во Скопје, во присуство на медиуми и пријатели ја претстави својата нова колекција “Елеазар на Маја Кикириткова”. Промоцијата на новата колекција беше всушност и промоција на новото модно ателје “Елеазар на Маја Кикириткова” .

Новата колекција на Кикириткова всушност е пролетна колекција во препознатливи пастелни бои надополнети со белата и црната како задолжителни бои во ормарот, зачинети со тантела за надополнување на женственоста. „Елеазар“ е колекција “ready to wear” или наменета за сите динамични жени,овозможувајќи одговор за секој нов предизвик во денот, од динамично работен ден кој може да заврши со коктел.